|
Article on other languages:
|
Бразил е најголема држава во Јужна Америка. Површината и е речиси повеќе од половина на целиот континент. Главен град е Бразилија. Официјален јазик е португалскиот. ИсторијаДенешната територија на Бразил била населена најмалку пред 6000 години. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Во текот на овој период дрвото Бразил е најексплотираниот ресурс. Колиниите се главно експлоатирани од робовите - домородците и Африканците. Во 1808, кралот Жоао VI од Португалија, бегајќи пред Наполеон, се преселил во Бразил со целата кралска фамилија како и владата. Крајот на 19 век и почетокот на 20 век, Бразил привлечил преку 5 милиони европски и јапонски имигранти кои се обидувале да ја пробаат среќата во Бразил. Бразилската демократија три пати била заменувана диктатура: 1930 - 1934 и 1937 - 1945 од страна на Жетулио Варгас и 1964 - 1985 од страна на група генерали на војски. НаселениеВо Бразил живеат 171,953,126 жители, но просечната густина на населението е нерамномерна. Најгусто население се градовите Рио де Жанеиро и Сао Пауло, а најмала густина на население има на Амазонската низина. Во внатрешноста, огромните простори се готово повечќе населени, освен малите изолирани оази. Најголем дел од населението се белците 55% и тоа главно потомви Португалци, Германци, Италијанци, Шпанци и Полјаци. 38% припаѓа на мулатите кои се два пати побројни од местиците и чинат главен дел на селското население. Црнците чинат 6% од населението, а останатите 1% им припаѓа на Јапонците, Арапите и американските Индијанци. Службениот јазик им е португалски кои се освојувачи (конкистадори) од Португалците оставиле како еден печат од својата култура. Иако основната настава е задолжителна, бројот на неписмени е многу голем.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.