Европа

Article on other languages:

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
Мапа на светот што ја покажува локацијата на Европа
Сателитска слика на Европа

Европа е геолошки и географски полуостров, формиран во најзападниот дел на Евроазија. Стандардно, се смета за континент, но во овој случај, станува збор повеќе за културна поделба отколку за географска поделба. Европа е обиколена на север со Арктичкиот океан, на исток со Атлантскиот океан, на југ со Средоземното море и Црното море, и на исток со планината Урал и Каспиското Езеро.

Ако се смета за континент, Европа е вториот најмал континент на светот по површина со 10,600,000 km², поголем единствено од Австралија. Европа по нејзината густина на население (90 жители на km²) и бројот на жители (900 милиони) го завзема првото, односно второто место меѓу континентите. Само Азија има нешто поголем број на жители од Европа.

Додека Северната, Западната и Јужната граница на континетот се прецизно дефинирани со водените површини, Источната граница е предмет на полемики меѓу географите. Денес за источна граница на континентот се смета планината Урал која на југ продложува со реката Урал и Каспиското Езеро и потоа преку Кумано-маничката низина излегува на Црното Море. Со ова цел Кавказ останува во Азија, а задкавкаските земји, иако географски припаѓаат на Азија, според модерните политички текови и тие се прилкучени кон Европа.

Во Европа се наоѓаат следните независни држави:

   

1 Ерменија и Кипар се географски во Азија но се сметаат како делови од Европа од културни и историски причини.
2 Азербејџан и Грузија се во Европа само делумно според дефиницијата што во предвид го зема водниот регион од Кавказот како граница со Азија.
3 Европската територија на Казахстан се содржи од регион западно од реката Урал .
4 Името на Македонија е прашање на интернационален спор. Иако Република Македонија е уставното име, во повеќето организации и официјални документации, таа се среќава како Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM). Името Македонија го користат земјите кои го имаат признаено уставното име на Македонија.
5 Оние територии од Русија што лежат западно од планината Урал и северно од кавкаските водни површини се сметаат за дел од Европа.
6 Европска Турција се содржи од територија на запад и на север од Босфор и Дарданелите.
2, 3, 5, 6 Види Земји истовремено во Азија и Европа за повеќе детали.

Регионална поделна на Европа

Регионите на Европа според македонските изданија по географија

Континетот Европа е поделен на пет поголеми региони. Регионите се поделени поради статистички цели базирани на географскиот и етнографскиот карактер на регионот. Континетот е поделен на следните региони:

  1. Јужна Европа
  2. Северна Европа
  3. Западна Европа
  4. Источна Европа
  5. Централна Европа


This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.