|
Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Главен град е Багдад. Независна држава е од 1932 година, а беше монархија сè до 1958 година.
Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако исламот е најзастапена религија со 95%. Трите доминантни заедници се: Арапите шиити (околу 60% од населението), Арапите сунити (околу 20%) и Курдите (околу 15%).
По воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година соборен е дотогашниот режим на Садам Хусеин и Ирак од април 2003 до јули 2004 се наоѓаше под окупација на САД, Британија и нивните сојузници. На 28 јули 2004 власта ѝ е предадена на Привремената влада, но странските сили сè уште се присутни во земјата и ја имаат вистинската власт. Против нивната окупација активно се бори одреден дел од населението на Ирак.
Ирак е земја која поседува големи резерви на нафта.
Шаблон:Близок Исток
|