Романија

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
Романија
România
Знаме на Романија Грб на Романија
(Знаме) (Грб)
Парола: нема
Химна: Deşteaptă-te, Române!
Локација на Романија
Официјален  јазик: романски
Главен град: Букурешт
Претседател: Трајан Басеску
Премиер: Калин Попеску-Таричану
Површина:
 - вкупно:
 - % вода:
78. по големина
238,391 km²
3%
Население:
 - вкупно (2004):
 - Густина:
49. по големина
22,355,551
91,3/km²
Независност: 10 мај 1877.
(од Отоманската империја)
Валута: Леј (100 бани)
Временска зона: UTC +2 до +3
Интернет домен: .ro
Повикувачки број: 40

Романија е земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија и Црна Гора на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.

Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.

Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното Римско Царство.

Население

Во Романија има 20 етнички малцинства, на кои им се загарантирани сите права според меѓународните конвенции. Меѓу другото, на секое од нив Уставот им гарантира по едно пратеничко место во романскиот парламент. Меѓу признатите малцинства во Романија се и Македонците. Романија одсекогаш имала мегаломански ставови спрема ароманското (влашкото) население на Балканот, а овие ставови остануваат непроменети до денес. Имено, иако Романија ги „признава“ Ароманците исклучиво како Романци, од своја страна не им ги признава нивните основни права.

Административна поделба

Административна поделба на Романија
Романија, 1939

Романија се состои од 41 округа и самоуправна административна единица Букурешт-град.

Македонците во Романија

Денес во Романија живеат околу 15 000 Македонци, населени во различни делови на земјата (Добруџа, Долж...). Тие се потомци на доселеници од Македонија, дојдени во различно време и од сите делови на етничка Македонија. Оние, чии предци дошле пред повеќе векови, знаат само дека се од Македонија, на пример, од Пиринско, Прилепско или од други делови на Македонија. Потомците на подоцна доселените си го знаат и точното место (град или село) на потекло.

Во Романија не е дозволено формирање на политички организации на етничка основа, но затоа Македонците имаат свој претставник во парламентот.

Тие се организираат и преку „Друштвото на Македонците во Романија“ (Asociatia Macedonenilor din Romania).

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.