|
Article on other languages:
|
Систематиката е биолошка наука чијшто предмет на проучување е разнообразието и класификацијата на организмите (монери, протисти, габи, растенија и животни). Целта на систематиката е детерминација на филогенијата. Систематичарите наидуваат на големи тешкотии при нивната работа, поради обемноста на живиот свет. Секоја година се опишуваат нови видови, посебно од недоволно истражените подрачја на Земјата, како тропските. Денес се претпоставува дека на Земјата живеат вкупно околу 40 милиони видови на организми. Систематски начини на проучување1. Таксономија- Нејзин предмет на проучување се идентификацијата и именувањето на организмите. Уште античкиот грчки философ Аристотел ја започнал дискусијата за таксономијата. За време на 1700- тите, шведскиот ботаничар Карл Лине ги класифицирал сите тогаш познати организми во две големи групи: царството на растенија и царството на животни. Роберт Витакер во 1969 предложил пет царства: растенија, животни, габи, протисти и монери. Подоцна биле дадени други предлози со дури уште повеќе царства. Најновите истражувања сугерираат на три големи царства: архебактерии, бактерии и еукариоти, меѓутоа денес најчесто се среќаваме со Витакеровата поделба на живиот свет, и со хиерархиската класификација и именување на организмите, кои ги развил Карл Лине:
2. Филогенетско дрво- Претставува погоден начин за претставување на еволуционата теорија. 3. Кладистика- Претставува тип на систематика, развиен од Вили Хених, кој се обидувал да развие пообјективен метод на класификација на организмите. 4. Фенетика- Претставува процес со кој таксоните се собрани заедно врз база на нивните сличности и разлики. |
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.