|
Article on other languages:
|
Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Тој не е една добро дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистичка философија. Хинду верува во еден Бог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во Реинкарнација, односно преселување на душата после смртта во друга личност. Душата се преселува безброј пати се додека не постигне состојба на целосен мир. Списите на Хинду се викаат Веди, ги има безброј. Најпознат е расказот за Харе Кришна. Ведите се појавуваат 15 векови пред Христос. Тие главно учат тежок аскетски, пустински живот Овој расказ стана популарен некаде на почетокот на 20 век со појавата на еден учител со 6 иминња Шри Шримат Свами Бактиведанта Шрила Прабупад, ја основа заедницата Харе Кришна Расказот за Богот Харе Кришна се вика Багаватгита. Ова е трета најчитана книга во светот, после Библијата и книгите на Кастанеда Во Индија постојат преку 330 милиони богови, сите се реинкарнација на едниот Брахман Во вид на Брахма го создава светот, како Вишна го одржува, како Шива го разурнува Брахман има жена, Сарасфати, кралица на уметноста. Некои од боговите се слонови, крави, реки, а и денес во индија се прифаќаат нови Богови Така Буда, Исус, Мухамед, се прогласени за Инкарнација на Едниот Бог. Заедницата на Кришна постои во Скопје од 1990 година.
Хиндуистички боговиНајзначајни хиндуистички богови се:
ПотеклоХиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач.Неговите најдревни богови ги донеле ариските народи, кои продреле во Индија. Хиндуизмот се создал некаде околу 1750 година п.н.е. во Индија. Денес е распространет ширум југоисточна Азија. Поголемиот дел од хиндуистите веруваат во мноштво богови, но во една темелна вистина - „по смртта душата повторно се раѓа во некое друго тело“. Нивниот симбол е светиот глас Ом. Најраните хиндуистички верувања се запишани во Ведите околу 1400 година п.н.е. а тие се состојат од химни и пеења. Риг Веда е најважната книга на Ведите. Денеска постојат повеќе видови на Хиндуисти: Ваишнавити(70%), Вишну(25%), останати(5%). Хиндуистички празници
СветилиштаВаранаси или Беранес во Индија, еден од најстарите градови на светот е и главна цел на хиндуистичкиот аџилак. Секоја година доаѓаат милиони луѓе за да се искапат во неговата света река Ганг. Веруваат дека водата го мие секој сторен грев. Често во реката ја посипуваат пепелта на запалениот покојник. Хиндуистите ги почитуваат сите животни, а посебно кравите кои се прогласени како свети животни. Поголемиот дел од хиндуистите се вегетаријанци. Кравата е симбол на жената и хранењето на кравата се смета како израз на почитување. Хиндуистички речник
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.