Всушност, цветот е видоизменетизданок со ограничено растење кој се образува од врвното стебленомеристемскоткиво кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Преминувањето на врвниот меристем од вегетативна во репродуктивна состојба настанува постепено. Обично цветниот меристем е кратко активен и активноста му опаѓа со самото формирање на цветот.
Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед - прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг.
Цветни елементи : A = плодница; B = устенце; C = полуантера; D = лигула; E = столбче со устенце
Цветни елементи : A = плодница; B = долен дел од столбчето со венечни ливчиња; C = полуантера; D = столбче со устенце
Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува, велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа (Receptaculum).
Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) и репродуктивни (фертилни) елементи.
Заштитни елементи
Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од тоа од какви листови е изграден, може да биде:
перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја:
чашка (Calyx или Sepala), зелени ливчиња со заштитна функција, од 2 до 5 во еден круг
венче (Corolla или Petala), живо обоени ливчиња со заштитна функција, секогаш повеќе од две
перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се идентични:
венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните
чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините
Репродуктивни елементи
Цвет на Дневен лилјан, каде се забележуваат шест прашници и стигмата (устенцето) на плодникот
Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни поколенија:
прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои се образува поленот. Еден прашник е составен од:
прашнички конец (Filamentum)
прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии)
полуантери (Theca)
сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum)
плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови "жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од: